|
Екстерни тренинзи, интерни тренинзи, или коучинг:
Вашите цели го одредуваат патот!
Секоја Густав Кезер тренинг се базира на целите на фирмата и учесниците на тренингот. Сите клучни делови на тренингот се развиени врз основа на искуства и интензивни вежби создадени преку осознаена и интензивна практика.
Учеството и мотивацијата на секој учесник е предуслов за пренесување на учење во пракса. На тој начин се постигнуваат очекуваните резултати на тренингот, кои дополнително се проверуваат за секој ден на тренингот преку извештаите на праксата.
Акција Ориентиранa кон Целта - основа на успехот.
Рамнотежа помеѓу теоријата и праксата, приспособлив карактер на тренинг програмите, како и последователни контроли на резултатите, се гаранција дека Вашите високи очекувања за идните резултати и Вашата инвестиција ќе бидат оправдани.
Кој формат на обуки би донел на Вашата организација најдобри резултати?
Екстерни тренинзи, ако
Сакате да постигнете лично усовршување
Сакате да ги обучите членовите на тимот еден по еден, за да обезбедите континуитет на работата и услугите на Вашите клиенти
Сакате членовите на вашиот тим да имаат можност да се сретнат и разменат искуства со учесници од други области на бизнисот
Сакате одделни членови на вашиот тим да го достигнат нивото на способности на останатите членови на тимот
Вашиот бизнис е децентрализиран
Интерни тренинзи, ако:
Сакате да обучите повеќе од 6 луѓе истовремено
Сакате да го зголемите тимскиот дух во Вашата организација
Сакате да ги фокусирате членовите на вашиот тим на стратешките цели и општите тимски цели
Коучинг (директна работа со тренерот), ако:
Сакате да поддржите член на вашиот тим во спроведувањето на нова задача во најкраток можен рок
Сакате да ги дефинирате тимските цели и стратегии за спроведување на проектот
Сакате да ја зголемите личната ефикасност при презентации, зборување пред публика и групни дискусии
Имате потреба од поддршка во подготовка за годишни разговори , интервјуа, и проекти од поголем размер
Ќе бидеме среќни да ви обезбедиме повеќе информации за можноста за изработка на индивидуални обуки концепти и програми.
|