|
Организација
Квалитетот е наша обврска.
Нашата интернационална компанија за обука е создадена во Цирих во 1963г. од швајцарскиот инженер Густав Кезер. Денес компанијата има околу 100 тренери во 30 земји во светот, кои тренираат на 23 различни јазици.
Нашиот главен приоритет е зголемување на личните и професионални квалификации на секој човек поединечно. Нашите тренери се успешни професионалци од областа на продажбата и менаџментот. Тие исто така го прошируваат своето знаење низ најмалку 30 дена во годината за личен развој и обука за да ги исполнат постојано зголемените барања кој се поставуваат пред специјалистите за време на тренингот, кој пак за цел имаат промена на однесувањето.
Филозофија на тренингот/обуката
Вашите цели го одредуваат патот
Успехот на долгорочната корпоративна стратегија, зависи од позитивните промени во однесувањето на вработените во сите нивоа во организацијата.
На нашите тренинзи поаѓаме од општата слика за човекот, така да секој учесник има можност да ги развие своите способности и да ги искористи за доброто на својата компанија.
Методологија
Успехот зависи од постигнување на стратешките цели.
- Тренинг програмите се базираат на објективна оценка на тековната состојба, како и јасни и заеднички цели
- Интерактивна тренинг програми во кои тренерот е модератор
- Интензивна обука во мали групи
- Акциони планови, ориентирани кон постигнување на личните и организациски цели
- Зголемување на ефикасноста преку трансфер во пракса
- Долгорочно следење на резултатите
Како патот од теоријата до праксата би довел мерливи резултати, секој учесник на тренингот прв пат се сретнува со својот неискористен потенцијал преку практични вежби.
Учесниците на крајот на секој ден од тренингот добиваат практични задачи за нивната индивидуална работаа. Постигнатите резултати константно ги проверуваме преку извештај од праксата која учесниците ја претставуваат на почетокот на секој тренинг ден.
Ваков пристап гарантира одлучувачки критериум за успех: постојаност преку пракса.
Без директна врска со секојдневната пракса дури и најдобрите тренинзи остануваат само теорија.
Никој не станува подобар играч на голф, скијање и тенис само со пасивно слушање на предавања. На ист начин, само со пасивно учествување на тренингот нема да постанеме ниту подобар менаџер или продавач. Постојаната промена на однесувањето бара лично и активно учество на секој учесник како и менторски практичен однос на тренерот.
Целни групи
Работиме со повеќе од 6000 компании низ светот каде успешно тренираме менаџери на сите нивоа, вработените кои работат со купувачите, продавачите, одделенија за однос со купувачите, како и проектни тимови, персонал на изложби и саеми, секретарки и специјалисти:
Дел од нашите клиенти
ASML AVIS BASF BAYER BERTELSMANN BLACK & DECKER CADENCE CANON CISCO DAIMLERCHRYSLER EPSON FOXBORO CRAWLEY GILLETTE HEWLETT-PACKARD INTERSPORT KIMBERLY-CLARK KPMG KUEHNE & NAGEL LOCCITANE MEDTRONIC MICROSOFT MINOLTA MITSUBISHI NESTLΙ NIKE ORACLE PORSCHE ROCHE SCHINDLER SIEMENS SULZER SWISSCOM TOSHIBA VIESSMANN WUERTH ZUMTOBEL
|